Познато од што починала Кралицата Елизабета

Елизабета Втора, монархот со најдолг стаж во Велика Британија, почина на 96 годишна возраст во замокот Балморал во Шкотска. Таа беше погребана на 19 септември во Лондон.

Уверението за смртта на кралицата вчера го објави Шкотскиот национален регистар.

Како што објави „BBC“, повикувајќи се на потврдата за смртта на монархот, Елизабета Втора починала од старост. Според уверението кралицата починала во 15:10 часот по британско време во замокот Балморал во Шкотска на 8 септември. Документот го потпишала нејзината ќерка, принцезата Ана.

Смртта на кралицата официјално била објавена три часа подоцна.

По смртта на кралицата нов британски крал стана нејзиниот син, Чарлс, човекот кој најдолго го чекаше тронот во историјата на илјадагодишната монархија. Тој ја носи титулата Чарлс Трети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e