Познатиот ангел на „Викторијас сикрет“ ужива во Белград

Алесандра Амбросио (41), познатиот ангел на „Викторијас сикрет“, од вторникот е во посета на Белград.

Таа директно од аеродромот дошла во луксузен белградски хотел во строгиот центар на главниот град на Србија, од каде не излегувала до утрово.

Кога слетала, на новинарите им признала дека веќе пробала ракија и дека ѝ се допаднала.

Амбросио тргнала од хотелот кон Калемегдан, а во тој момент ја фотографирале и папараците.

– Луѓе, ви благодарам, сега ќе одам да го разгледам Белград, тоа е тоа – со насмевка на лицето кратко прокоментирала Алесандра за српски „Курир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e