Турската актерка Мелиса Донгел била силувана од нејзиниот татко кога била тинејџерка, а таа јавно ги открила деталите за грозоморното злоставување.
Мелиса Донгел има 22 години, а веќе е една од најпопуларните турски актерки.
Таа е една од главните ѕвезди на турската хит серија „Мириса на љубов“, чие оригинално име е „Чукни ми на врата“, а глумеше и во сапуницата „Елиф“, која своевремено беше популарна и во Србија. Сепак, зад насмевката на оваа талентирана и обожавана актерка се крие страшна приказна која крши срца, пишува Story.hr.
Актерката кога имала 15 години ја силувалнејзиниот татко, а по нападот се обратила за помош кај мајка си.
Мајка и не и поверувала, напротив. Таа ја замоли Мелиса никогаш повеќе да не каже ниту збор за тоа, ниту да го спомне никому. Поради сексуалното злоставување на нејзиниот татко, актерката моментално оди на терапија за некако да се избори со траумата која ја доживеала.
Во еден момент решила јавно да каже низ што поминува бидејќи сакала да ја заштити својата помала сестра. Кога таа проговорила, нејзиниот татко бил во затвор, додека нејзината мајка се преселила во Русија и ја испратила својата помала ќерка во Мелиса во Истанбул. Актерката била преплашена што нејзиниот татко барал старателство над нејзината помлада сестра, на што таа оправдано се противи.
Мелиса исто така објаснила и дека била извор на пари за нејзиниот татко.
Откако Мелиса јавно ја даде својата болна исповед, ја поддржаа бројни познати личности, меѓу кои и колегите од серијата „Чукни ми на врата“ која ја прослави.