Поранешната спајсица во 44-тата година чека бебе

44-годишната Гери, со своите фанови на социјалните мрежи ја сподели информацијата дека повторно ќе стане мајка. Гери Халивел со своите фанови ја сподели среќната вест – со нејзиниот сопруг очекуваат дете.

Поранешната членка на Спајс Грлс објави симпатична фотографија на која е испишана пораката “Господ да ја благослови мајката природа, и самата се нарече” мајка Спајс.” Гери во мај минатата година стапи во брак со нејзиниот дечко Кристијан Хорнеранакон, со кого беа во врска нешто помалку од една година.

Халивел со нејзиниот поранешен сопруг, сценарист Саша Герваси, веќе ја има 10-годишната ќерка Блубел Мадона. На почетокот од оваа година имаше шпекулации дека Спајс Грлс може повторно да се соберат (освен Викторија Бекам) и да почнат со турнеја, но се чини дека тие планови засега ќе се стопираат.

untitled

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e