Поранешен вработен ја тужи Росарио Досон за физички напад и дискриминација

Актерката Росарио Досон и нејзиното семејство се тужени од поранешен вработен, инаку трансексуалец, по неколку точки меѓу кои навреди, дискримиација, физички напад, прекршување на човекови права и злоупотреба на вработен.

Според информациите, поранешниот вработен Дидрик Фајни (трансексуалец кој порано бил Дидри), кој се познава со семејството Досон со децении, по покана на мајката на актерката, Изабел, во 2017 година се преселил во Лос Анџелес, за да работи кај нив. Но откако решил(а) да признае дека е трансексуалец, од тоа не биле воодушевени никој од семејството Досон, и никој не сакал да му се обраќа во машки род, за што тој се пожалил кај Росарио, но таа не презела ништо во врска со тоа. Според него таа имала “трансексуална фобија“ и постојано го опоменувала дека е „возрасна жена“.

Дидрик живеел во оддедлна куќа на имотот од Досон, за што не плаќал кирија, но им помагал во реновирање на домот. Но во април 2018 година му било кажано дека ќе мора да се исели и дека веќе не е вработен кај нив. Кога се обидел Дидрик да зборува со Изабел, бил вербално нападнат и избркан, а откако одбил да замине без да добие објаснување таа физички го нападнала.
Според неговото тврдење, Росарио била присутна во тој момент но не презела ништо да го заштити, туку му го одзела телефонот, бидејќи знаела дека ќе се обиде да повика помош. Потоа тој успеал да избега во една соба од домот на Росарио од каде повикал полиција. Кога дошле тие го однесле во болница, а на Изабел ѝ издале забрана за приближување.
Во септември 2018 Дидрик бил приморан да се исели од куќата, бидејќи му го прекинале дотокот на гас и струја, поради што немал основни услови за пристоен живот.
Сега Дидрик  ги тужи Росарио, мајка ѝ, нејзиниот очув и вујко за сите горе наведени точки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e