Погледнете го трејлерот за новата сезона на “Sherlock”

Денес е среќен ден за обожавателите на славниот детектив Шерлок Холмс, бидејќи конечно го добивме датумот за стартот на долгоочекуваната четврта сезона, како и трејлерот за истата.

Имено, фановите ќе може да ја погледнат првата епизода од новата сезона на 1-ви јануари 2017 година, а во главните улоги повторно се талентираниот Бенедикт Камбербач како Шерлок Холмс и Мартин Фримен како д-р Џон Вотсон.

Драмата “Sherlock” на “BBC One” е светски феномен со огромен број на обожаватели, а веќе ја има добиено и престижната Еми награда.

Како и претходните сезони, и четвртата ќе биде составена од три епизоди, а ќе стартува со епизодата која го носи насловот “The Six Thatchers”.

Знаеме дека со нетрпение ја очекувате новата сезона, исто како и ние, а во меѓувреме погледнете го трејлерот!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e