Подготовките за венчавката во полн ек: Филип и Пријовиќ порачаа бурми од 5 000 евра

Познатата фолк ѕвезда Александра Пријовиќ и нејзиниот вереник, синот на Лепа Брена, Филип Живоиновиќ, искешираа дури 5 000 евра за златни бурми направени по нивна нарачка. Прстените кои младите ќе си ги разменат на венчавката закажана за 21-ви јуни годинава се изработени по вкус на невестата, со ситни дијаманти. Прстените биле изработувани два месеци, а сега и официјално и се готови.

Подготовките за гламурозната венчавка се во полн ек, а во организацијата на веселбата е вклучено целото семејство Живоиновиќ.

Татко му Боба му помага на Филип околу изборот на менито на кое ќе се најдат специјалитети од седум познати ресторани од Европа, додека Лепа Брена заедно со Александра и нејзината мајка Борка ги првршуваат деталите околу декорацијата на свадбениот салон.

Инаку фолк пејачката не се оптеретува многу околу славењето и е потполно со мирна глава.

„Нема никакви новости. Полека привршуваме, се е во опуштена атмосфера. Во меѓувреме ја снимив и дуетската песна со Саша Матиќ, кој ќе ни биде драг гостин на прославата. Јас секако си ги работам настапите, а за викенд кога не пејам се посветувам на организацијата на свадбата. Се е по планот и едвај го чекаме тој ден.“ – изјави Александра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e