Почина раперoт Кулио, бил пронајден мртов во куќа на пријател

Греми наградуваниот музичар Кулио, починал на 59 години во Лос Анџелес, а веста е потврдена од неговиот менаџер. Кулио починал во дом на негов пријател.

Раперот, кој е познат по сценското име Кулио, се вика Артис Леон Иви Џуниор, а неговиот менаџер Џерес Поси, не ја споделил причината за смртта.

Кулио стана познат по неговиот хит „Gangster paradise“ од 1995 година, за кој ја доби наградата „Греми“ за најдобар соло настап. Песната беше создадена како саундтрак за филмот „Dangerous minds“ со Мишел Фајфер.

Претходно оваа година песната надмина една милијарда прегледи на Јутјуб.

„Сакам да им се заблагодарам за сите за поддршката сиве овие години“, истакна Кулиов во видео каде известува за 1 милијарда прегледи на неговата песна.

Во текот на неговата кариера која започна во доцните осумдесетти години, Кулио беше номиниран за уште пет „Греми“ награди.

Неговата кариера започна со објавувањето на неговиот деби албум „It Takes a Thief“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e