Почина Џорџ Мајкл

На 53 годишна возраст почина Џорџ Мајкл, соопшти неговиот публицист.

Мајкл, кој е роден како Јоргос Киријацос Панајоту во северен Лондон, продаде повеќе од 100 милиони албуми во кариерата што траеше речиси четири децении.

Ѕвездата, која ја почна својата кариера во дуото „Вем“ во 80-те години од минатиот век, подоцна многу успешно ја продолжи својата соло кариера, „почина мирно, во својот дом“.

Во соопштението публицистот на Мајкл вели: „Со голема тага потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и другар Џорџ почина мирно во својот дом за време на божиќниот период. Семејството бара да се почитува нивната приватност во ова тешко и емотивно време. Во овој период нема да има дополнителни коментари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e