Питијада во Велес по 13. пат со богата музичка програма – еве кој ќе ве забавува

Питијадата како културна манифестација oваа година се одржува по 13-ти пат. Терминот на одржување е 7, 8 и 9-ти октомври 2016 година. И оваа година на истата локација на просторот пред кафетериите, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес.

Во овој дел – првата вечер на 7-ми октомври (петок) од 18:00 часот ќе настапат групата Виртус, Елена Велеска, Јордан Митев, групата Маестро, Љубојна и Агушеви и популарната македонска пејачка Каролина Гочева.

Во сабота – во вечерните часови ќе настапат Антонија Гигоска, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Дани Димитровска и Тропико Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на еден од најпознатите балкански музички изведувачи Жељко Јоксимовиќ.

На 9-ти октомври (недела) бината е резервирана за Eye Cue, Нокаут, ДНК и популарните Ван Гог чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинешната манифестација.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e