Петар Грашо и Хана го одбраа името за ќерката

Уште од свадбата на Петар Грашо и Хана Хулиќ се зборува за нивната принова, бидејќи уште тогаш се знаеше дека парот чека девојче.

Се почесто се пишува за името кое среќните родители ќе го дадат на својата ќерка. Како што известуваат хрватските медиуми, одлучено е бебето да се вика Алба, што на италјански значи – зора.

Дали некој од кумовите имал влијание во изборот на името на бебето се уште не е познато, но во меѓувреме откриена е една изјава во која Даниела Мартиновиќ веќе зборувала за деца.

Ако имаме син ќе се вика Тони, тоа се знае, по покојниот дедо на Петар, а ако биде девојче ќе се вика Алба или Луца.

Луца затоа што тоа ми е вистинско даламатинско и наше, и мојата покојна баба се викаше Луца, но кога го слушнав името Алба, јас просто бев воодушевена бидејќи Алба на италјански значи зора, убаво е и необично, а пак на нас блиско и поинакво, зборувала Даниела пред осум години во една емисија.

За жал до брак помеѓу Даниела и Петар не дојде, ниту тие двајцата добија деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e