Пејачката ги изгуби сопругот и братот за два дена, а сега и нејзината сестра боледува од рак

Кариерата на пејачката секогаш одела во нагорна линија, но за жал во приватниот живот често имаше големи проблеми.

Сопругот на Селин, Рене Анжелил, почина на 15 јануари оваа година на 74 години од рак на грло, два дена подоцна почина и братот на пејачката, Даниел Дион, исто така од рак на 59 години.

Како што пренесуваат странските медиуми и на сестрата на Селин Дион неодамна и бил дијагностициран рак на грлото.

Во разговор за еден париски весник, Селин не сакала да зборува за деталите за болеста на нејзината сестра, но истакнала дека повторно поминува низ тешки ситуации во животот.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e