Пејачката Бебе Реџа има здравствени проблеми, ќе биде оперирана

Светски познатата пејачка Бебе Реџа, поради тешка инфекција на синусите, ќе биде оперирана, пренесуваат албанските медиуми.

Веста ја објави Реџа, наведувајќи дека повеќе денови не е во добра здравствена состјоба, дека едвај може да дише и има силни главоболки.

– Појдов на доктор за инфекцијата на синусите, која не поминува и ми рече дека треба да се оперирам. Поминувам тешки моменти далеку од родителите. Многу сакам да сум до мајка ми, напиша пејачката.

Родителите на Бебе Реџа, чие вистинско име е Блета Реџа, се од Македонија, татко и е од Дебар, а мајка и од Гостивар, кои во САД емигрирале во 80-те години од минатиот век.

Родена е на 30 август 1989 година во Бруклин и долго е во светската музичка индустрија.

Таа е и текстописец на многу светски хитови, меѓу кои и “The Monster” на Еминем и Ријана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e