Павле Камилоски подготвен да го приреди концертот од соништата

Мала Италија патува е настан роден од желбата и љубовта на Павле Камилоски кон музиката и пеењето. Мотивацијата за чекорите кои Павле ги превзема во животот се раѓа од неговата пожртвуваност за остварување на неговиот сон.

Камилоски вели дека музиката цел живот е присутна во него, најмногу поради операта. Секогаш кога ќе чуел оперски глас во него се будело едно посебно чувство кое до ден денес не може да го опише. Тој верува дека единствено може да ги сподели емоциите кои го обликуваат преку неговите настапи. За Павле пеењето е комплетно уживање кое не познава граници и затоа по две години на Мала Италија во Скопје тој одлучи да го организира настанот Мала Италија патува. Неговиот нов настап ќе се одржи под отворено небо на платото на плоштадот Мајка Тереза во Скопје на 20ти Јуни 2017 во 20.00 часот. Атмосферата ќе ја исполнат прекрасните гласови и способности на Павле Камилоски како баритон, Христо Арсовски како драмски тенор, Горан Начевски како баритон, заедно со Бисера Чадловска како диригент и оркестарот на Македонска Опера и Балет.

За разлика од претходните години на овогодинешната Мала Италија патува ќе се претстават шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни. Се очекува никој да не остане рамнодушен на едночасовниот концерт кој ќе ги поттикне емоциите на сите присутни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e