Парфем рекламиран од Џони Деп заработува милиони на ден

Филмската кариера на познатиот глумец Џони Деп можеби трпи последици од судските процеси и обвинувањата на неговата поранешна сопруга Амбер Хард, но во светот на парфемите, приказната е сосема поинаква… Шишенце парфем „Саваж“ на „Диор“ се продава на секои три секунди, а заштитно лице на овој мирис е Деп.

Модниот критичар Џон Помплијано на Твитер ја коментираше статијата на Мари Клари, каде што овој парфем е прогласен за „најпродаван“.

– И покрај фактот што повеќето издавачи го исклучија Џони Деп, „Диор“ реши да го задржи. Зошто? Едно шише од неговиот мирис „Саваж“ се продава на секои три секунди. Со 160 долари по шише (близу 150 евра), тоа би значело заработка од над 4,5 милиони долари на ден, објасни Помплијано.

Инаку, компанијата соопшти дека добила вкупно 11 поплаки од оние кои веруваат дека Деп треба да биде отстранет од рекламната кампања. Сепак, сега се чини, ситуацијата е смирена. Деп, инаку, е заштитно лице на „Саваж“ од неговата појава на пазароот во 2015 година. Во изумот на Франсоа Демаши доминираат мириси на портокал, бергамот и прашкасти и дрвенести ноти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e