Со овој потег Кристијано Роналдо навреди 500 милиони луѓе

Ѕвездата на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, со својот потег разбесни и навреди повеќе од половина милијарда луѓе ширум светот.

Имено, португалскиот репрезентативецна социјалните мрежи објавил фотографија на која во спортска облека позира покрај скулптура на Буда, но ни тоа не би било толку страшно ако тој не ја ставел ногата на споменикот.

Роналдо покрај фотографијата напишал дека на сите им посакува добар ден, но потоа следувале коментари на неговите следбеници кои со емотикони порачале дека се бесни поради неговата постапка.


„Уверени сме дека Роналдо не сакал никого да навреди, туку е само необразован“, пишува во еден коментар кој се обидел да го оправда славниот фудбалер.

Будистите се почувствувале многу навредени, а под фотографијата не престануваат со обвинувања на сметка на ѕвездата на Реал Мадрид, за кого сметаат дека му недостасува почит кон божеството во кое веруваат повеќе од половина милијарди луѓе ширум светот.

 За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e