Одлучи да го понижи: Со овој гест Радмила Манојловиќ стави крај на љубовната драма со Харис

„Му рече да излезе од нејзниот стан и, патем, да го фрли и веренечкиот прстен во канта за отпадоци, исто како што тој ја фрлил нивната љубов.“, вели изворот за „ВИП“.

Харис Берковиќ, победникот на шоуто „Звезде Гранда“, се обидува на сите можни начини да се смири со поранешната девојка Радмила Манојловиќ, која пак, нема намера да му прости на пејачот. Како што „ВИП“ дознава, Харис дури и ја запросил Рада, па наместо прстенот да стои на раката на пејачка, веренечкиот прстен заврши во ѓубре.

„Радмила целосно разочарана се во Харис кога дозна дека е неверен, а кога ги виде фотографиите од Харис во кревет со друга девојка, целиот свет ѝ се распадна. Со денови беше во депресија и со никој не сакаше да се гледа или да комуницира, а Харис се обидуваше да ја дојде до неа на сите начини. Меѓутоа, не вредеше.“ – открива извор близок до пејачката и додава дека Рада својата тага ја делела со нејзината сестра Маја.

Меѓутоа, неколку недели откако се смири малку ситуацијата, Рада презеде драстичен чекор.

„Иако, таа страдаше поради Харис, во еден момент едноставно пресече и одлучи никогаш повеќе да не му одговори. Ги спакувала сите негови предмети во кутии и преку заеднички пријатели му препорача во одредено време да се појави пред нејзината зграда во која живееја заедно, доколку сака да си ги земе своите работи. Харис беше надвор од Белград тоа време, па испрати пријатели да ја завршат неговата валкана работа.“, вели изворот, додавајќи дека Харис се освестил што направил по овој гест на Манојловиќ.

„Дури тогаш сфати што направил и дека целосно ја изгубил довербата на Радмила. Во тој момент се освести сфати дека Рада е девојката која ја сака и дека нема да ја пушти така лесно. На сите можни начини се обидуваше да стапи во контакт со неа, но залудно. Во еден момент дури отишол и во златара, купил свадбен прстен за неа, и во средината на ноќта отишол директно во нејзиниот стан.“ – вели пријател на поранешната двојка и смета дека пејачката не била импресиониран од намерата на Харис.

„Удираше на нејзината врата, а кога Рада конечно отвори, тој падна на колена и ја молеше да му прости. Го извади свадбениот прстен за Рада, таа го зеде во раката и го удрише Харис со сета своја сила. Таа му рече веднаш да излесе од нејзиниот стан и, патем, да го фрли веренечкиот прстен во канта за отпадоци, исто како што ја фрлил нивната љубов. Дури тогаш сфати дека меѓу нив е готово и го напушти станот во кој живееја заедно.“ – открива изворот и додава:

„За време на нивната врска, Рада му простуваше многу работи, помина низ бројни љубоморни сцени, затоа што навистина го сакаше и сакаше нивната љубов да успее. Мислеше дека Харис е мажот за кој ќе се ожени, па сите грешки му ги простуваше поради фактот што е помлад од Рада за девет години.“ – кажува на крајот изворот за „ВИП“.

Потсетуваме, Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ ја прекинаа врската, откако пејачката го фати поранешното момче како ја изневерува. Тие се забавуваа три години, а на почетокот на романсата се криеја заедно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e