Нови детали за ограбувањето на Ким Кардашијан

Помина речиси цел месец откако вооружени ограбувачи во хотелската соба во Париз вперија пиштол во Ким Кардашијан и ѝ го украдоа вереничкиот прстен.

Неодамна, рецепционерот во хотелот по име Абдулрахман, даде интервју за магазинот “ET” во кој открива нови морничави детали за грабежот кој толку ја истрауматизира Ким. Како што тој раскажува, ограбувачите го врзале со лисици и му наредиле да ги однесе до собата каде што била сместена Ким.

“Tаа се збуни затоа што ограбувачите беа облечени како полицајци, но кога сфати за што се работи помисли дека тие сакаат да ѝ ги земат мобилните телефони. Ограбувачите ми рекоа дека не ги сакаат телефоните, туку дека сакаат пари. Ким преплашено врескаше и им го даде вереничкиот прстен и кутијата со скапоцен накит, а тие продолжуваа да викаат ‘пари, пари, сакаме пари!'”

Очигледно дека намерата не им била да го украдат прстенот, но не размислиле дека ултра-богатите ѕвезди не се шетаат со торби кеш туку со платинумски кредитни картички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e