Нова ВОЈНА на естрадата, Карлеуша и Емина: ЈК jа БЛОКИРАЛА Јаховиќ поради оваа причина

Јелена Кралеуша и Емиина Јаховиќ повеќе не се пријателки, а раздорот во естрадното пријателство наводно индирекно посредувала Наташа Беквалац.

Имено, според тврдењата на упатените, ЈК се скарала со Јаховиќ бидејќи на Наташа и понудила песна и со неа направила дует и покрај тоа што тие две, многу порано, се договарале за соработка, пишува Kurir.rs.

Како што вели изворот, Јелена го сметала за предавство тоа што Емина ја заобиколика и ѝ понудила соработка на Беквалац.

– Јелена полуде кога во медиумите виде дека Наташа и Емина најавуваат дует. Претходно таа се договарала со неа и се било готово кога станува збор за соработката, а тогаш влетала Наташа. Истиот момент, ја отследила Емина од Инстаграм, со што и даде на знаење дека нивното пријателство е готово – рекол добро упатениот извор.

– Во првиот момент на Емина не и беше јасно зошто Карлеуша ја отследила, но набрзо заеднички пријател и објаси за што се работи и зошто Јелена е лута. Наместо да и се јави и да и ги објасни околностите, Јаховиќ ја отследи Јелена и настана хаос – додал изворот.

Како што вели изворот, довчерашните пријателки сега се озборуват на цел глас. Емина зборува како таа ја поддржала и ја бранела Карлеуша кога никој не сакал. Дека зборувала се најдобро за неа во турские медиуми, кога исте пишуваа дека го изневерила Тошиќ. Од друга страна, Карлеуша исто така наведува дека и била поддршка на Јаховиќ во нејзините најтешки моменти, кога се разведувала и била до неа.

– Јелена очекуваше дека Емина барем ќе и се јави во некој момент и дека ќе и објасни зошто го направи дуетот со Наташа, но тој повик никогаш не дошол. Од друга страна, Емина се навредила од постапката на Јелена и не сакала да и се јави и така од ситуација која можеше да се реши со разговор, тие две не разговараат – заклучил изворот.

ПР-от на Емина не одговарал на пораките, а ниту Карлеуша и нејзините соработници, пишуваат од kurir.rs.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e