Netflix отпушта уште 300 вработени, продолжува да губи претплатници

Онлајн сервисот за стриминг за филмови и серии Netflix соопшти дека ќе отпушти уште 300 вработени, главно во САД, поради забавениот раст и зголемената конкуренција меѓу стриминг услугите.

Наведениот број на работници сочинува четири отсто од вкупниот број на вработени. Netflix минатиот месец отпушти 150 вработени. Отпуштањата доаѓаат по првото намалување на бројот на претплатници во последните десет години. Компанијата се обидува да најде решенија за запирање на негативните тенденции во бизнисот.

Netflix е привлечен глобален лидер во својот бизнис – има 220 милиони претплатници. Но, се соочува со сè посилна конкуренција, вклучувајќи ги Disney Plus и Amazon Prime Video.

По покачувањето на цените на претплатите во САД, Обединетото Кралство и некои други земји, бројот на претплатници им се намали. Очекуваат намалувањето на таа бројка во последните три месеци да биде два милиони, а на почетокот на годинава се намали за 200.000.

Најавените отпуштања во Netflix предизвикаа загриженост дека големото зголемување на бројот на работници на пазарот во САД завршува, поради пандемијата на коронавирус. Забавувањето на овој раст е најзабележливо во технолошката индустрија. Американските стартапи отпуштија 27.000 работници од почетокот на мај, јавува BBC.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e