Ќерката починала од срцев удар на летување во Црна Гора, по еден час и нејзината мајка

Две жени од Сараево починале за време на летувањето во Добра Вода, Црна Гора. Станува збор за мајка и ќерка, кои, според информациите од црногорски извори, починале во интервал од само еден час.
Според досегашните информации, кај ќерката најпрво дошло до срцев застој, а еден час подоцна починала и нејзината мајка. Надлежните засега немаат индиции дека станува збор за кривично дело.
Информацијата е потврдена и од Амбасадата на Босна и Херцеговина во Црна Гора, која е во контакт со синот на една од починатите жени. Случајот ги потресе нивните блиски и туристите во местото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e