Физичка пресметка меѓу две жени се случила во центарот на Куманово, среде бел ден, во близина на споменикот „Батко Ѓорѓија“.
На видеото што се споделува на социјалните мрежи се гледа како двете жени се пресметуваат, додека повеќе присутни се обидуваат да ги разделат и да ја смират ситуацијата.
Засега не се познати причините за инцидентот, ниту дали има повредени. Нема ниту официјална информација дали случајот е пријавен во полиција и дали се преземени мерки.
