На оваа пејачка една песна и донесе заработка за цел стан

Пејачката Тијана Милентијевиќ денеска го заврши снимањето на проектот „Соба за плачење“, а во видеото можеме да ја видиме во бел долг фустан кој наликува на венчаница.
Таа за Србија Данас откри дали е подготвена да стапне на лудиот камен и како ја замислува својата свадба.
– Секоја жена има желба да се омажи и ја замислува својата свадба од соништата, па јас сум една од нив, имам желба да се омажам, но не се брзам, пред се сакам да постигнам успех во кариерата и да го завршам она што почнав, па има време. Млада сум, на ред ќе дојде лудиот камен и се што следи потоа – изјави Тијана.
Публиката со огромно задоволство го пее нејзиниот најголем хит со кој таа се прослави.
Почетокот на нејзината кариера го одбележа хитот “Жена од султана” а Тијана открива дали од таа една песна успеала да заработи за стан.
– Задоволна сум како изгледа мојата кариера две години откако ја снимив песната „Жена од султана“ и не ми пречи што засекогаш ќе останам жена на султанот бидејќи тоа е хит кој сигурно ќе ја одбележи целата моја кариера или барем нејзиниот почеток. Од песната заработив доволно колку што треба да се задоволам па наскоро ќе купам стан. Си купив автомобил, работам на проекти и тоа ми е најважно во моментов – додава младата пејачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e