На 8–ми април, концерт на „Бјело дугме” во Скопје

„Бјело дугме“ доаѓа во Скопје.  Концертот е во организација на Авалон продукција а ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 8-ми април.

Од организацијата најавуваат дека ова ќе биде најспектакуларен и гламурозен концерт кој бендот го одржал досега во Скопје, со учество на хор, гудачки оркестар, тамбураши.

Почитувани,

Познати се сите детали околу влезниците за претстојниот концерт на Bijelo Dugme кој ќе се одржи на 8- ми април во арената „Борис Трајковски“.
Поради огромниот интерес, влезниците ќе бидат пуштени во продажба веднаш од утре (среда, 18.01) во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон, Пола Југотон и цвеќарница „Розе“- Веро 2 и онлајн.
Цените на влезниците по категории се следни:
700 денари ПАРТЕР (промотивна цена)
990 денари ФАН ПИТ (само 1000 влезници)
900- 1.200 денари ТРИБИНИ
1.500 денари ВИП

Се работи за досега најексклузивен концерт на Bijelo Dugme во Скопје, на којшто Горан Бреговиќ, Тифа и Ален ќе настапат во придружба на хор, оркестар, тамбураши…

ВАЖНО: СЕ ОДРЖУВА САМО ЕДЕН ЕКСКЛУЗИВЕН КОНЦЕРТ!!!, соопштија од Авалон Продукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e