На 28 години почина ди џејот Авичи

Сведската јавност е шокирана од прераната смрт на светски познатиот ди џеј и музички продуцент, Швеѓанецот Тим Берглин попознат како ди џеј Авичи. Тој почина денеска во Оман, односно попладнево бил најден мртов, а според неговиот публицист, не е позната причината за смртта. Музичарот почина неколку дена откако беше номиниран на Billboard Music Award.

Пред две години, Авичи објави дека нема да настапува повеќе во живо, но пред неколку месеци на своите фанови им вети дека ќе почне нова музичка страница во својот живот. Во последно време боледуваше од панкреатитист поради преголемата употреба на алкохол. Уметникот кој светот ќе го  памети по хит песните „Levels” и „Wake me up” се наоѓаше на листата на најпалтените светски ди џеји. Неговата заработка изнесуваше 57 милиони долари.

– Со огромна тага соопштуваме за заминувањето на Тим Берглинг, попознат како Авичи. Семејството е во шок и ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Нема да издаваме повеќе соопштенија во овој тежок момент, истакна неговиот портпарол.

28 годишниот ди џеј има освоено две MTV награди и двапати беше номиниран за Греми. Соработуваше со Дејвид Гета, Мадона и Лени Кравиц. Годинава е номиниран за музичката награда Билборд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e