Музеј на современа уметност – Скопје ја претставува изложбата „Таписерија“

Богата збирка од таписерии од колекцијата на применетата уметност на НУ МСУ Скопје ќе биде претавена пред јавноста на изложба, која ќе биде отворена на 26 октомври во 13 часот во Музејотна современа уметност – Скопје.

Таписеријата е посебен и специфичен дел од визуелните уметности. Како дел од “убавите уметности” таа во себе содржи повеќе елементи и од ликовната уметност, кои со взаемно испреплетување ја создаваат нејзината естетика.

Таписеристот (низ вековите а и денес) мора да ги познава технолошките постапки кои се применуваат во изработката на материјалите кои ги употребува при создавање на делото. Тој претходно подготвува скица и план за изработка на таписеријата. Потоа, со изборот на материјалот кој што ќе го употреби во делото, тој ги формира и извлекува специфичните контури, линии, боја па, од тука и ставот дека таписеријата истовремено е и посебна сликарска техника.

Во текот на нејзиниот историски и технолошки развој се менуваат матријалите, начинот на изработката, темите, мотивите, естетиката и поетиката, презентацијата..Но, нејзината основа при создавање на делото секогаш останува иста – ткаење нитки со нитки (волна, свила или др. )како и нејзината примена која секогаш останува во служба на декоративниот концепт.

tapiserija2

-Низ нејзиниот историски развој, таписеријата ја изработуваат сликари, вајари, графичари, керамичари, дизајнери на текстил и на облека, сценографи..- уметници кои припаѓаат и на ликовната и на применетата уметност. Денес таписеријата претставува истовремено и дизајнерско и архитектонско дело, скулптура, инсталација, илустрација, сценографија, цртеж..приказни кои уметникот ги раскажува во еден модерен израз и со естетика која соодветстува на времето во кое живеат и творат. Од тука произлегува потребата на оваа уметност да и се обрне поголемо внимание и кај нас. Со изборот,од колекцијата на применетата уметност на НУ МСУ Скопје, да ја презентирам пред јавноста токму таписеријата, сакам да посочам најнапред на потребата од збогатување на оваа збирка со дела од млади таписеристи. Потоа да посочам на квалитетот на делата на врвните уметници кои се изложени на оваа изложба и ги поседува овој Музеј и како посебна причина која е истовремено водилка во овој проект е потребата на младите генерации да им се пренесе љубовта за изработка на таписерии.

Делата кои се изложени на оваа изложба се со различни теми, мотиви, и изразност. Преку нив може да се следи и развојниот пат на таписеријата кај нас и во светот – од фигуративни прикази од реалниот свет, преку експресионистички изрази, со апстрактни елементи до визуелни пораки или пак со изразност блиска на инсталација. Уметниците кои се презентирани на оваа изложба пленат и со своите колористички и пластични естетски ликовни вредности вели Елизабета Јанковска, кустос на изложбата.

Во соработка со Одделот за Едукација, изложбата ке биде проследена со предавање од реномираната уметница Дијана Томоќ Радевска, со кое ќе ја добложи историската слика на таписеријата кон нејзиното современо третирање и изразност. Исто така ќе бидат организирани и работилници наменети за младите од средните училишта, каде заедно со уметницата ќе се изработуваат таписерии кои потоа ќе бидат изложени во Музејот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e