Младата Ева Заева со своја креација го затвори модниот викенд во Скопје

Струмичанката Ева Заева, ученичка во Средното училиште „Јахја Кемал“, заедно со Радица Лазова, Оливер Атанасов, Асмира Абази и Ивана Арсовска го затворија есенското издание на Модниот викенд во Скопје.

Тие како курсисти по моден дизајн на Центарот „Кариера Плус“ носеа свои изработени креации под менторство на модниот дизајнер Ирина Тошева кои привлекоа голем интерес кај посетителите.

„Балансот во нештата е главната инспирација за колецијата реализирана под ментортство на Ирина Тошева. Симетрија и асиметрија, совршено и несовршено, ред и хаос, шаренила и монохроматско, добро и лошо, топло и ладно, се дел од приказните од петте курсисти по мода и дизајн на 14-тото издание на Модниот викенд во Скопје“ – истакнаа од „Кариера Плус“, кој е специјализиран Центар за креативни и практични курсеви од областа на мода и убавина единствен од таков вид во земјава.

Младата струмичанка Ева Заева која е дел од Центарот „Кариера Плус“, презентираше креација која според менторката Тошева е спој на младиот и елегантен дух, а Заева успешно ја претставила пред влубениците на новите модни крикови.

Есенскиот моден викенд „Скопје 2016“ се одржа во хотелот „Скопје Мериот“, каде во трите денови се одржаа дваесеттина модни ревии. – објави Радио СтрумицаНет.

1 2 3 4 6 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e