Милијардерот ја остави Мараја Кери поради преголемо трошење

Иако се надеваше на свадбени ѕвона, познатата пејачка сепак нема да ги слушне.

Џејмс Пакер одлучи да ја напушти Мараја Кери поради нејзиното екстравагантно трошење “, пишува Woman’s Day.

Во прилог на својата одлука да на свршеницата и каже збогум влијание имало и нејзиното ново реално шоу “Mariah’s World”.

“Готово е. Џејмс беше многу скептичен во врска со нејзиното ново шоу и фактот дека е подготвена да открие детали за нивниот приватен живот во јавноста “, вели еден пријател на семејството.

Списанието додава дека милијардерот и дозволил на пејачката да го задржи свршеничкиот прстен вреден 10 милиони евра.

Мараја и Пакер се свршија по помалку од една година поминати во врска.

Мараја, позади себе има брак со раперот и актер Ник Канон, со кого има пет годишни близнаци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e