Милица Тодоровиќ е позитивна на коронавирусот

Српскиот портал Телегрф.рс пишува дека пејачката Милица Тодоровиќ добила позитивен наод на тестот.

Со оглед на тоа дека последните денови се дружела со Славица Чуктераш, кога дознала веднаш и таа се тестирала и резултатот покажал дека и таа е инфицирана.

– Направив тест исто кога и Славица, бидејќи последните неколку дена бевме заедно и тестот покажа дека сум позитивна – изјавила Милица, која за сега има само покачена температура.

– До вчера се чуствував добро и не знаев дека имам корона, но денеска почнав да ги чуствувам првиот симтом – температура – објаснила таа за Телеграф.

– Се наоѓаме во куќна изолација заедно со Славица и се придржуваме до се тоа што ни напиша докторот и така ќе биде се додека не се чуствуваме добро и додека тестот не покаже дека сме негативни – заклучила Милица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e