Меси објави фотографии од раскошната прослава на 35-от роденден

Лионел Меси во петокот го прослави својот 35-ти роденден, а на својот Инстаграм профил сподели и фотографии од раскошна забава на Ибица.

„Благодарам многу за сите пораки и честитки, голема прегратка!“, напиша Меси во описот.

На фотографиите може да се види и неговата згодна сопруга Антонела Рокузо, која го украде вниманието со интересна модна комбинација што ја избра за оваа пригода.

Антонела позираше со Лионел само неколку секунди пред тој да ги дувне свеќите на огромната торта, а на една фотографија може да се види како го бакнува во образ.

На прославата присуствувале семејството и пријателите, меѓу кои и многу други фудбалери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e