Меган Фокс конечно го покажа третиот син

Убавата актерка едноставно блеска откако по трет пат стана мајка.

Меган Фокс во почетокот на август го роди своето трето дете, синот Journey.

И конечно сега го претстави на своите фанови. Меган објави селфи од нејзиниот кревет, каде малиот Journey  позира покрај неа.

Актерката ги шокираше сите кога во април се појави на црвениот тепих во блажена состојба, иако неколку месеци претходно најави дека ќе се разведе од Брајан Остин Грин. Затоа, на никој не му беше јасно кој е таткото. Сепак, по неколку дена парот потврди дека детето е заедничко, но дека тоа не го менува фактот за нивната разделба.

Покрај Journey, Меган и Брајан имаат уште две деца, Ноах и Бодхиј.

megan

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e