Мајката на Линдзи Лохан одговори на гласините дека ќерка и е муслиманка

Семејството на Линдзи Лохан се огласи по повод гласините дека актерката го прифатила исламот, откако ги избриша постовите на инстаграм и напиша муслимански поздрав.
Актерката и пејачка ги избриша сите постови од инстаграм и во статус напиша “Alaikum salam” – муслимански поздрав што се користи и значи “мир со тебе”.

Линдзи во моментов живее во Дубаи, и многу фанови сметаат дека сака да го прифати исламот.

Во интервју за турската телевизија коментира дека во САД ја “нападнале” и од неа направиле сатана.

“Сум била лоша личност затоа што сум држала Куран”.

“Бев многу среќна кога си отидов (од Америка) и се вратив во Лондон, бидејќи таму се чувствував небезбедно. Ако е ова (исламот) нешто што сакам да го научам, тоа е мојата волја “, рече Линдзи.

Но, после се, нејзината мајка Дина ги негираше наводите дека нејзината ќерка ја променила верата, а истото го направи и нејзиниот портпарол.

Исто така, Линдзи рече дека ја вложува сета моќ во продолжението на филмот “Mean Girls”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e