Мадона беше блокирана од Инстаграм поради разголени фотографии

Поп-кралицата Мадона често изненадува со своите разголени изданија и дегутантни објави, кои според многумина се непримерни дури и за многу помладите од неа.

Изгледа сега толку претерала што добила „предупредување“ од водечката социјална мрежа.

Имено, пејачката беше блокирана од Инстаграм во пресрет на нејзиното обраќање во живо.

Таа сподели видео на својот профил кога дознала за оваа рестрикција, на кое се гледа како се појавува реченицата „Блокирано за споделување видео во живо“ додека се обидува да започне со снимање.

Пејачката не сокрила дека е разочарана.

„Што по ѓаволите? Никогаш во животот не сум носела толку облека“, рекла таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e