Линзи Лохан се омажи и сподели дека е најсреќна жена на светот

Линдзи Лохан објави дека се омажила за финансиерот Бадер Шамас.

36-годишната актерка која го прослави роденденот објави фотографија со Шамас, а во описот на сликата го нарече сопруг.

“Јас сум најсреќната жена на светот. Ме најде и знаеше дека сакам да најдам среќа и благодат, сето тоа во исто време. Многу сум среќна што си мој сопруг”, напиша Линдзи на Инстаграм, а нејзината фотографија веќе им се допадна на речиси деведесет илјади луѓе.

„Мојот живот и моето сѐ. Секоја жена треба да се чувствува вака секој ден“, ја завршила својата објава Лохан.

Двојката ја објави свршувачката во ноември.

„Мојата љубов. Мојот живот. Моето семејство. Мојата иднина“, напишала тогаш Лохан во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e