Режисерот Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела Пик станаа родители по втор пат, откако Пик роди ќерка во саботата на 2 јули.
„Даниела и Квентин Тарантино со задоволство објавуваат дека Даниела го роди нивното девојче на 2 јули 2022 година“, се вели во соопштението.
За бременоста на неговата сопруга се дозна дури во февруари, а парот веќе има син, кој се роди во 2020 година.
Кога Пик првпат се породи во февруари 2020 година, Тарантино не знаеше какво име ќе му даде на својот син, а одлучил да го вика Лео.
„Луѓето би претпоставиле дека сум го именувал по Леонардо ди Каприо. Нема ништо лошо во тоа, но не сум.
Тој призна дека ужива да биде родител.