Епископот Јаков до Јаневска: Повлечете ја програмата за сексуално образование

Викарниот епископ стобиски Јаков упати отворено писмо до министерката за образование Весна Јаневска, барајќи повлекување на новата наставна програма по сексуално образование за средните училишта.
Епископот ја критикува програмата поради начинот на кој се обработуваат темите за родот, родовиот идентитет, родовото изразување и сексуалните и репродуктивните права. Според него, со дел од формулациите на учениците им се наметнуваат однапред определени вредносни ставови, наместо темите да се разгледуваат од различни аспекти.
Јаков особено ја обвинува Јаневска за промена на ставовите во однос на периодот кога била во опозиција, потсетувајќи дека тогаш ја критикувала образовната концепција на Мила Царовска и барала нејзино суспендирање.
Во писмото тој ја оспорува и содржината поврзана со сексуалните и репродуктивните права, вклучително и прашањето за абортусот. Епископот смета дека новата програма е спротивна на традиционалните вредности и бара таа да биде повлечена.
„Министерке Јаневска, повлечете ја оваа програма за идеолошка индоктринација на нашата младина“, порачува епископот Јаков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e