Кралот Чарлс вработил професионалец за да го буди наутро, еве за која личност станува збор

Чарлс Трети ангажирал професионален гајдаџија чија задача е секое утро да го буди свирејќи на гајдата под прозорецот. Станува збор за мајорот Пол Барнс, кој свиреше на гајдата на погребот на кралицата Елизабета Втора, а претходно и на погребот на принцот Филип.

Мајорот Барнс изјави по погребот на кралицата: „Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора беше мојот врховен полковник, а нејзиниот сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, беше мојот кралски полковник.

Свирењето на гајдата на двата нивни погреби во замокот Виндзор е голема чест за еден војник. Како млад живеев во близина на замокот Балморал, и се сеќавам на нивното присуство уште од рана возраст, а Кралската гарда ме инспирираше да се приклучам на војската. Свирењето на погребот на Нејзиното Височество ме натера да размислувам за тие рани спомени и среќен сум што можам да им оддадам почит на двајцата на овој начин“.

Ангажирањето личен музичар е нешто како традиција меѓу монарсите, а во тоа уживала и кралицата Елизабета Втора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e