Концерт на Брајан Фери во Македонската Филхармонија – 9 септември 2018!

Човекот наречен King of the cool- BRYAN FERRY доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на Roxy Music (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy..), како и песните од последниот негов албум “Avonmore”, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена.

29063425_1982601618434522_6605020738963374080_n

Bryan Ferry e секако еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија!

Влезниците за овој досега најексклузивен музички настан во историјата на Р. Македонија ќе бидат пуштени во продажба од 20ти април, по цена од 6.150 денари и истите ќе може да ги набавите преку новиот тикет сервис www.avalon.com.mk/tickets, онлајн, како и на билетарата на Македонската филхармонија.

Се разбира дека и во периодот до 20ти април ќе можете да вршите резервации на следниве телефонски броеви: 070260350 и 078365245 (секој работен ден, од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).

ВАЖНО: Се одржува само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 ВЛЕЗНИЦИ, информираат од Авалон продукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ