Која е новата девојка на принцот Хари?

Принцот Хари можеби ја најде својата идна принцеза! Новата љубов на 32-годишниот принц е Меган Маркл, американската актерка која го глуми ликот на Рејчел Зејн од серијата “Suits”.

Близок пријател на принцот изјави: “Хари со години не бил толку среќен. Прерано е да шпекулираме дали оваа врска ќе се развие во нешто повеќе, но којзнае? Во моментов тие не брзаат и оставаат работите да течат природно.”

Истиот извор вели дека принцот Хари се обидува да ја прикрие врската, но хемијата меѓу него и Меган е забележителна. Парот првпат се запозна во Мај, кога принцот Хари го посети Торонто – каде што се снимаше серијата “Suits”.

Оттогаш, 35-годишната Меган неколкупати го посети Лондон, а медиумите забележаа дека таа на Инстаграм објави слика каде што носи идентична бразлетна како таа на принцот Хари.

Дали ќе имаме нова принцеза во кралската фамилија? Останува да видиме. 🙂

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e