Црногорската старлета Сораја Вучелиќ (33) се вери минатата година, а пред два месеци за прв пат го покажа дијамантскиот веренички прстен на социјалните мрежи.
Видеото го погледнаа повеќе од 20.000 луѓе, а не недостасуваа и честитките кои фановите и ги пишуваа: „Нека ви е со среќа“, „Дијамантите се најдобриот пријател на жената“, „Браво“, а еден фан ја праша „Но, дали го сакаш?“
Сепак, изгледа дека на љубовта брзо и дошол крајот. Најпознатата старлета на Балканот на својот Инстаграм профил објави видео снимка на која со клешти го крши прстенот на две дела.
„Слободна“, напишала Сораја.
Српските медиуми со денови пишуваа како старлетата се омажила за Владимир кој ја запроси на 84 кат на еден од најскапите ресторани во Москва, а на рака ѝ стави прстен вреден 150.000 евра.
Старлетата неодмна откри и дека не намерава да го открие имете на својт, сега веќе поранешен избраник.
– Не би го коментирала својот приватен живот. Се надевам дека никогаш нема да дозаете за кое момче станува збор – изјавила.
Наводно, рускиот милијардер и купил црвено Ферари, а старлетата често објавува фотографии од приватен авион за кој се претпоставува дека е негов.