Кејт Мидлтон е повторно бремена: Пристигнува третото бебе во кралското семејство

Само година и пол по раѓањето на принцезата Шарлот, Кејт е повторно во блажена состојба.

Во кралското семејство владее вистинска еуфорија. Само година и пол откако се роди принцезата Шарлот, војвотката од Кембриџ е повторно бремена. Веста за третата принова на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам прв ја донесе магазинот Life and Style Weekly.

„Кејт Мидлтон го очекува третото дете“, пишува споменатиот магазин наведувајќи дека веста не ја воодушевила претерано сестрата на Кејт Пипа која смета дека уште едно кралско бебе ќе ја засени нејзината скорешна венчавка со Џејмс Метјус.

„Пипа е загрижена дека бременоста на Кејт ќе ја засени нејзината венчавка. Таа очајно сака фокусот да биде врз неа, а не врз бремениот стомак на нејзината сестра“, рекол изворот. Поради сè, постои можност Пипа да ја откаже венчавката сè додека на свет не пристигне третото бебе на Кејт и Вилијам. „Пипа сè планира во однос на Кејт“, додал изворот за магазинот Life and Style Weekly.

Новата бременост со себе доведе и нови проблеми за убавата војвотка. Имено, според пишувањето на светските таблоиди, Кејт тежи само 40 килограми, а причината за нејзината претерана слабост се проблеми во бременоста. Кејт не јаде доволно, па поради тоа изгубила многу од тежината.

Поради грижата за ќерката, нејзината мајка Керол Мидлтон се преселила на кралскиот имот за заедно со Вилијам да се грижи за неа и за нејзината здравствена состојба, за сè да помине во најдобар ред со нејзината бременост.

Веста за приновата во кралското семејство засега не ја потврдиле неговите членови. Сè на сè, ако информациите се покажат како точни, сигурни сме дека на приновата најмногу ќе се израдуваат тригодишниот принц Џорџ и едноиполгодишната сестричка Шарлот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e