Пејачот Драган Којиќ Кеба вечерва околу 20 часот во улицата “Париски комуни” во Нов Белград предизвика сообраќајна несреќа ! Тој со своето “Ауди А8”, удрил во 18 годишна девојка која ја преминувала улицата на пешачки премин.
Порталот дознава дека повредената има лесни телесни повреди, контузија на градите и посекотини на главата и по лекарските прегледи била пуштена на домашно лекување.
Очевидци на несреќата велат дека Кеба по бил во шок, но излегол од колата и се јавил на Брза помош.
По несреќата направен е полициски увид, додека на Кеба му бил извршен алкотест кој бил негативен.
Согласно законот на пејачот му се заканува затвор од една година.