Карлеуша со шокантна порака: Сите ќе се заразите, младите најмногу!

Јелена Карлеуша на социјалните мрежа Инстаграм има преку 2.2. милиони следбеници.

Таа деновиве ја искористи силата на овој медиум за да им пренесе на своите фанови еден важен проблем.

Имено, познато е дека таа своевремено соработуваше и со организацијата „Пета“, дека не носи крзно и дека не јаде месо.

Но сега таа со оваа порака ги изненади сите.

„Би ги замолила сите луѓе што yбивaaт инсекти, змии, жаби, глувци и т.н. под изговор дека се грди, лигави, одвратни, дека се плашат од нив, да сфатат дека и ние некому сме грди, одвратни, дека некој и од нас се плаши, но не смее да не yбиe. Покажете милост, поштедете им го животот, тргнете ги некаде во тревата, ќе се чувствувате подобро“.

„Бидејќи за разлика од нас животните и инсектите, не се виновни што живеат на оваа планета со нас. И она што е најважно, ве молам да ги учите децата на милост кон животните и направете да бидат свесни за екологијата, нашата планета, нашата природа, еко системот и сé во него што зависи од идните потези на нашите деца. Мислите за тоа и бидете одговорни, разумни суштества од семејството на хомосапиенси“, напиша познатата пејачка.
„Шокирана сум од сознанието дека одредени пејачи се уште настапуваат по клубовите ширум земјата, дека тие клубови работат и дека се преполни (?!?) со луѓе без никаква заштита. Апелирам на здрав разум во ситуација кога луѓето губат животи и вирусот се шири со светлосна брзина да се откажат сите масовни собири. Сите ќе се заразите, младите најмногу. Болниците се полни со млади луѓе со тешка клиничка слика. Има време за музика, аман, и тоа сигурно не е сега“, напиша познатата пејачка во својата порака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e