Карлеуша ја поддржа Николина Пишек: Kукло, бори се за инат на балканските женомрасци

Пејачката Јелена Карлеуша ја поддржа хрватската водителка Николина Пишек, откако нејзиниот свекор Виктор Ристовиќ со денови ја обвинува дека е виновна за смртта на неговиот син Видое, и дека се омажила за него поради пари.

Карлеуша е позната како личност без влакна на јазикот, а под една од фотографиите на Инстаграм таа објави коментар со кој ја поддржува Пишек.

„Кукло убава, драга, мила и добра. Бори се за себе за инат на сите балкански женомрасци. Бори се за твоето дете, затоа што ти како мајка, му го должиш тоа. Точка. Главата горе и не се давај. Биди пример за твоето дете да се бори во животот“, ја советуваше Карлеуша Пишек.

Пејачката имаше јасна порака до критичарите на Пишек.

„Секој што ќе ти рече нешто, ќе се „дрзне“ да ти ги брои парите, да се меша во твоите приватни работи, во твојот живот и твојот паричник – нека се е*е. Не треба никому да му се правдаш или објаснуваш, особено не на овие простори каде жените се граѓани од втор ред, каде што медиумите и мажите брутално газат сѐ што е женско, каде што дури и жена на жена ѝ е волк! Бори се, драга, убава и паметна, крени ја главата, бидејќи животот е еден“, напиша Карлеуша.

Нејзината порака ја израдува Николина. Таа ѝ испрати бакнежи и ѝ одговори:

„И ти си лавица на Балканот и знаеш сѐ“ – напиша Пишек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e