Карлеуша: Со Душко сме пар што треба да е пример за цела Србија

Jелена Карлеуша (39) првпат проговори за проблемите со кои се справувала за да стане една од најпопуларните музички ѕвезди и како го зачувала бракот од „трендот на разводи“.

-Ако ги земеме предвид мојот и неговиот темперамент, врвните кариери, разделеноста и страотниот притисок од медиумите – ние сме пар што треба да служи за пример во цела Србија, во која владее нов тренд, тренд на растурање на институцијата брак и семејство. Се разбира дека имавме и тешки мигови, подеми и падови, но кога постои вистинска љубов, се може се’. Душко го запознав кога имаше 21 година. Му родив две деца и доживеав од перспективен фудбалер да стане репрезентативец и најдобар дефанзивец. Без стабилниот брак тоа ќе одеше малку потешко. Се селевме од земја во земја со децата кои беа мали, се мачевме, се обидував да балансирам меѓу улогата на мајка и сопруга и да бидам на врвот на мојата приказна. Моето мото е крвава работа и труд. Ете го рецептот за успех, па повелете, господо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e