Изненадно почина познатиот ТВ-готвач Гери Родос

Познатиот ТВ готвач Гери Родос изненадно почина во 60. година од животот, јавува BBC.

Веста за смртта ја потврдила неговата фамилија, објавувајќи дека Родос починал во вторникот, а покрај него била неговата сакана сопруга Џени.

„Семејството Родос со тага објавува дека почина саканиот маж, татко и брат Гери Родос. Благодарни сме на сите за нивната поддршка и замолуваме за приватност во овие моменти“, се наведува во соопштението.

Родос бил роден 1960 година на југот од Лондон, а пораснал во Кент. За готвач се школувал на „Thanet Technical Collegeu“. Првата работа ја нашол во Амстердам Хилтон, каде започнал да експериментира со модерната кујна. Својот прв ресторан го отворил во 1997 година, а во 2006 година добил признание од Британското кралство.

Се има појавено во шоуата „Masterchef“ и „Hell’s Kitchen“ како и во сопствената емисија „Rhodes Around Britain“.

Почина во Дубаи, каде имаше два ресторани „Rhodes W1“ и „Rhodes Twenty10“.

Портпаролот Џаидеп Бхатиа рекол дека Родос работел во својот ресторан до последниот ден од својот живот.

„Изгубивме фантастичен шеф денес. Тој беше готвач кој го насочи вниманието кон британската кујна. Праќам љубов и молитви кон неговата жена и деца. Ќе ни недостига“, напишал неговиот колега, Гордон Ремзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e