Исидора Бјелица викендов била во Охрид, тука ги поминала последните денови од својот живот

Исидора Бјелица Пајкиќ почина вчера во Белград. Познатата писателка ја изгуби битката со злобната болест, канцерот на 52-годишна возраст.

Писателката починала во станот на нејзините родители во Нов Белград, а последните денови ги поминала во Охрид, Македонија, викендов. Таа престојувала Охрид, за време на викендот, за да се одмори, јавија српските медиуми.
Нејзината сестра, Маја, објави фотографија на Фејсбук, на која е заедно со писателката, со тажна порака.

Не! Замина, но ќе бидеш покрај мене засекогаш, сестро моја! , напиша Маја покрај фотографијата на која се држи со Исидора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e