Го насмеа целиот свет: Обама ги имитираше своите ќерки и ги воодушеви сите!

Претседателот на САД Барак Обама е познат по својата смисла за хумор, а ова му е еден од подобрите скечови.

Симпатиите на јавноста не е лесно да се освојат, но семејството Обама дефинитивно успеа да го направи тоа. За време на двата претседателски мандати, Барак Обама и неговата сопруга Мишел ги освоија симпатиите ширум САД. А, голем дел од тоа е и благодарение на смислата за хумор која и двајцата ја имаат.

Откако Мишел ги воодушеви САД со имитирањето на својот сопруг, сега истото го направи и Барак имитирајќи ги нивните ќерки за време на говорот. Имено, тој го посетил средното училиште Бенџамин Банекер во Вашингтон, а за време на посетата ги имитирал своите ќерки Малија и Саша како прават селфија и се допишуваат со пријателките.

„Знам дека сте тука веќе некое време, добро е што ги имате вашите мобилни телефони со вас. Како татко на две тинејџерки знам дека цело време сте во разговор: ’И тогаш рече… Девојко, не ми се верува!’’, се пошегувал Обама на почетокот од својот говор, а потоа ги имитирал девојките додека прават селфија. Слушнете го неговиот говор, одличен е! Не само што е во право, туку и урнебесен е! Секоја чест, Обама!

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e