Ѓоковиќ откри дека чита руски писатели

Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Моментално е во Франција, а друштво на големиот турнир му прави семејството.

Новак секогаш со задоволство одговара на прашања, се труди да биде опуштен и директен, а често е и духовит, па не е чудно што има обожаватели ширум светот.

Кога го испрашуваа за тенисот и неговите планови, дојде на ред и приватниот живот.

Новинар го праша што сака да чита, а Новак љубезно одговори на прашањето.

– Моментално читам руски писатели. Не оние познатите, некои малку помалку познати. Стрељникова е писателка и авторка која пишува за различни техники и методи со кои може да се има оптимално здравје. Сега читам книга за техники на дишење, па го објаснува тоа. Во првиот дел е за физиологија и анатомија, како изгледа тој респираторен систем. Потоа одредени методи и техники кои можат да се користат за зголемување на нивото на енергија, за смирување, опуштање, тоа многу ме интересира. Таа здравствена област ме интересира на секој начин. Психофизички, емоционално, духовно. Сакам да го читам тоа – искрен беше Новак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e