Гиговска положи возачки испит: Доста време посветив, не беше едноставно!

Досега по социјалните мрежи можевме да заклучиме дека и е многу убаво на совозачкото седиште додека други ја возат, но сега и дојде редот да ја преземе одговорноста.

Новата вест вели дека Антониа Гиговска конечно стана директен учесник во сообраќајот и официјално ќе може да вози низ Скопје.

– Постепено влегувам во светот на возрасните. Доста време посветив на ова, воопшто не беше едноставно. Постојано вежбав, ги следев советите на инструкторот и си бара голема одговорност. Морам да признаам дека имав трема, но на крај материјата се покажа на дело. Мислам дека најголем предизвик ми беше градското возење и дури сега ги разбирам сите што возат – изјави Гиговска.
Среќата и возбудата не можеше да се сокрие, па Антониа сподели и кратко Инстаграм стори со порака „Конечно. Кој сака кругче?“.
Имено, од тимот на пејачката велат дека македонската пејачка го положи возачкиот испит пред неколку дена, по што се фотографираше за возачката дозвола, па за скоро време ќе можеме да ја забележиме низ сообраќајниот метеж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e